Ревидиран извештај за 2003 година на Инвестбанка АД Скопје
понеделник, 17 мај 2004
Инвестбанка АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Банката за 2003 година остварила добивка во износ од 30.827.000 денари. Вкупната актива на Инвестбанка АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 2.062.867.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 1.451.827.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Инвестбанка АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.