Нов Правилник за котација на хартии од вредност
понеделник, 17 мај 2004
Согласно Решението на Комисијата за хартии од вредност бр.08-179/11 од 29.04.2004 година, од 14.05.2004 година стапи во сила новиот Правилник за котација на хартии од вредност на Македонската Берза АД Скопје.
Новиот Правилник за котација на хартии од вредност може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, преку линкот на почетната страна или во делот За македонската берза/Датотека.