Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 14.07.2010 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Статер банка АД Куманово и Димко Митрев АД Велес.
Акциите издадени од Статер банка АД Куманово се исклучуват од котација на Официјалниот пазар на Македонската берза заради неисполнување на условот за минималната распространетост на родот акции во посед на јавноста. Акциите издадени од Димко Митрев АД Велес се исклучуваат од котација на Официјалниот пазар на Македонската берза на барање на издавачот, согласно Одлуката на Собранието на акционери на друштвото.
Акциите издадени од Статер банка АД Куманово и Димко Митрев АД Велес ќе бидат префрлени на Редовниот пазар на Македонската берза на подсегментот Пазар на акционерски друштва со посебни обврски за известување почнувајќи од 19.07.2010 година (Понеделник).