На седницата одржана на 29.12.2017 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на котираното друштво Трудбеник АД Охрид. Мерката се изрекува заради ненавремено објавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.03.2017 година, како и необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2017 година и неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2017 година согласно член 40 став 2 и став 3 од Правилата за котација.
Имајќи ги предвид надлежностите на Одборот на директори за спроведување на актите на Берзата, како и постојаните обврски на котираните друштва за известување согласно Правилата за котација, Одборот на директори на Берзата одлучи да постапи согласно член 51 став 1, алинеја 2 од Правилата за котација на Берзата и на друштвото Трудбеник АД Охрид да му изрече мерка јавна опомена преку интернет страницата на Берзата.
Јавна опомена за котираното друштво Трудбеник АД Охрид
петок, 16 февруари 2018