На 15.09.2008 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексот МБИД и согласно Методологијата за пресметување на индекс на јавно поседувани друштва - МБИД, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на МБИД ќе бидат обичните акции издадени од следните акционерски друштва: Арцелормиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје, Фабрика за цевки 11 Октомври АД Куманово, Македонски Teлеком АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Тутунска Банка АД Скопје, ОКТА АД Скопје, Прилепска пиварница АД Прилеп, Кјуби Македонија АД Скопје, и Попова Кула АД Демир Капија.
Десетте избрани акции - елементи на МБИД сочинуваат околу 83% од вкупниот промет на Пазарот на јавно поседувани друштва во изминатиот квартал.
Следната редовна ревизија на МБИД е на 15.12.2008 година.
Редовна ревизија на МБИД
понеделник, 15 септември 2008