Известување од Лотарија на Македонија АД Скопје
петок, 15 април 2005
Лотарија на Македонија АД Скопје известува дека седницата на Собранието на друштвото ќе се одржи на 18.04.2005 година, со почеток во 13:00 часот во просториите на Хотел „Александар Палас“ во Скопје, со следниот Дневен ред:
- Процедурален дел
- Отворање на Собранието;
- Избор на претседавач на Собранието;
- Избор на Верификациона комисија,
- Извештај на Верификационата комисија;
- Работен дел
1. Усвојување на Записникот од Собранието одржано на 21.05.2004 година.
2. Разгледување и одобрување на Извештајот за работа на Надзорниот одбор и Управниот одбор за 2004 година.
3. Разгледување и усвојување на Годишната сметка и Годишниот извештај за работењето на Лотарија на Македонија АД Скопје за 2004 година, со Предлог-Одлуки.
4. Разгледување на Извештајот за извршената ревизија за 2004 година.
5. Разгледување и усвојување на Одлуката за измени и дополнувања на Статутот на Лотарија на Македонија АД Скопје, согласно ЗТД.
6. Донесување Одлука за разрешување на членови на Надзорен одбор.
7. Донесување Одлука за разрешување на членови на Управен одбор.
8. Донесување Одлука за избор на членови на Одбор на директори.