Македонската берза, со цел подобро запознавање на младата популација со пазарот на капитал и улогата и начинот на функционирање на Берзата во нашата држава, остварува соработка со образовните институции во државата. Изминатата недела, Македонската берза ја посетија околу 100 ученици и студенти, кои имаа можност да се запознаат подетално со активностите и развојот на Берзата и развојот на пазарот на хартии од вредност.
• На 11.03.2019 ученици од О.У. „Љубен Лапе“ – Скопје
• На 13.03.2019 студенти од Економскиот факултет при УКИМ Скопје и од Универзитет Американ Колеџ – Скопје
• На 15.03.2019 ученици од средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид