Трајно исклучување од членство во Берзата на членката Ауктор&Хита брокери АД Скопје
четврток, 15 декември 2011
Врз основа на член 19 од Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје и согласно Решението бр.УП1 08-103 на Комисијата за хартии од вредност донесено на ден 01.12.2011 година со кое трајно се одзема дозволата за работа на брокерската куќа Ауктор&Хита брокери АД Скопје, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Ауктор&Хита брокери АД Скопје. Оваа одлука ќе се применува од 16.12.2011 година.
 
Со трајното исклучување од членство, членката Ауктор&Хита брокери АД Скопје го губи статусот и правата на членка на Берзата, додека правата на другите членки кон Ауктор&Хита брокери АД Скопје кои се стекнати пред нејзиното исклучување, како и правата на Берзата по однос на нерегулираните финансиски обврски на Ауктор&Хита брокери АД Скопје, остануваат во сила.