Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 08.05.2009 година донесе Одлука за измени и дополнувања на Правилата за котација бр. 02-1361/1. На 26.08.2009 година Комисијата за хартии од вредност донесе Решение бр. 08-1640/3 со кое се дава Согласност на Одлуката на Одборот на директори на Македонската берза за измени и дополнувања на Правилата за котација бр. 02-1361/1 од 08.05.2009 година со што започна и важноста на Одлуката.
Ве информираме дека пречистениот текст на Правилата за котација можете да го преземете од интернет страницата на Македонската берза.