Ве известуваме дека врз основа на член 19 од Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје и согласно Решението бр.УП1-08-63 на Комисијата за хартии од вредност донесено на ден 28.04.2010 година со кое се одзема дозволата за работа на брокерската куќа Делта Брокер АД Скопје, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Делта Брокер АД Скопје. Оваа одлука ќе се применува од 17.05.2010 година.
Со трајното исклучување од членство, членката Делта Брокер АД Скопје го губи статусот и правата на членка на Берзата, додека правата на другите членки кон Делта Брокер АД Скопје кои се стекнати пред нејзиното исклучување, како и правата на Берзата по однос на нерегулираните финансиски обврски на Делта Брокер АД Скопје, остануваат во сила.
Трајно исклучување од членство во Берзата на членката Делта брокер АД Скопје
петок, 14 мај 2010