Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 13.10.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
- 174 сопствени обични акции по цена од 5.000 денари за една акција, преку 6 трансакции;
- 71 сопствена обична акција по цена од 5.050 денари за една акција, преку 1трансакција;
На 13.10.2008 година Витаминка АД Прилеп изврши откуп на:
- 40 сопствени обични акции по цена од 7.900 денари за една акција, преку 1трансакција;
На 13.10.2008 година Алкалоид АД Скопје изврши откуп на:
- 73 сопствени обични акции по цена од 4.651 денар за една акција, преку 2 трансакции;
- 227 сопствени обични акции по цена од 4.650 денари за една акција, преку 1трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 13.10.2008година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Гранит АД Скопје – 132 oбични акции,
- Алкалоид АД Скопје – 60 oбични акции.
Oткуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
вторник, 14 октомври 2008