Известување од Жито Лукс АД Скопје
петок, 13 мај 2005
Жито Лукс АД Скопје известува дека седницата на Собранието на акционери ќе се одржи на 23.05.2005 година во 14:30 часот во просториите на Друштвото, со следниот Дневен ред:
1. Избор на претседавач на Собранието
2. Разгледување и усвојување на годишната сметка, финансискиот извештај и годишниот извештај за работењето на Друштвото за 2004 година
3. Донесување на одлука за покривање на загубата
4. Разгледување и усвојување на ревизорскиот извештај за 2004 година
5. Донесување на одлука за избор на овластена ревизорска куќа за 2005 година
6. Одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор за 2004 година
7. Одобрување на работата на членовите на Управниот одбор за 2004 година
8. Донесување на одлука за зголемување на основната главнина на друштвото
9. Донесување на одлука за промена на заштитниот знак-трговската марка на Друштвото
10. Разгледување и одобрување на пречистен текст на Статутот на Друштвото, усогласен со Законот за трговски друштва.
Воедно, Жито Лукс АД скопје известува дека за 2004 година не е предвидено делење на дивиденда за обичните акции.