Ревидиран извештај за 2003 година на Комерцијално Иинвестициона Банка АД Куманово и Одлука за откуп на сопствени акции
четврток, 13 мај 2004
Комерцијално Инвестициона Банка АД Куманово до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Банката за 2003 година остварило добивка во износ од 39.971.000 денари. Вкупната актива на Комерцијално Инвестициона Банка АД Куманово на 31.12.2003 година изнесува 1.289.911.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 908.668.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Комерцијално Инвестициона Банка АД Куманово може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.
Воедно, Комерцијално Инвестициона Банка АД Куманово известува дека Собранието на Банката донело Одлука за одобрување купување на 7.033 до 15.541 сопствени обични акции, кои се со номинална вредност од 2.741,56 денари за една акција.
Купувањето на сопствените акции Банката ќе го врши од средствата на посебниот резервен фонд за откуп на сопствени акции, согласно со средствата утврдени со годишната сметка на Банката за 2003 година.