Нова емисија на акции на ГД Гранит АД Скопје
четврток, 13 мај 2004
На седницата одржана на 31.03.2004 година Комисијата за хартии од вредност донела Решение бр.07-75/15 со кое во целост се усвојува жалбата на ГД Гранит АД Скопје против Решението на КХВ бр.07-75/1 од 28.01.2004 година за делумно одобрување на барањето за давање одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност.
Барањето бр.01-5482 од 07.08.2003 година за давање одобрение за издавање долгорочни хартии од вредност-втора емисија на акции на ГД Гранит АД скопје се одобрува и во делот што се однесува на капитализација на дел добивката од 2000-та година.
На ГД Гранит АД Скопје се дава одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност-втора емисија на 83.947 обични акции и 8.940 приоритетни акции, односно вкупно 92.887 акции во вредност од 464.435 ЕВРА или во денарска противвредност од 28.461.412 денари по средниот курс на НБРМ на денот на издавање на Решението, согласно Одлуката за издавање акции од втора емисија бр.02-3386 од 22.05.2003 година.