Трајно исклучување од членство во Берзата на членката НЛБ Тутунска Брокер АД Скопје
вторник, 13 април 2010
Ве известуваме дека врз основа на член 19 од Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје и согласно Решението бр.УП1-08-20 на Комисијата за хартии од вредност донесено на ден 01.04.2010 година со кое се одзема дозволата за работа на брокерската куќа НЛБ Тутунска Брокер АД Скопје, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за трајно исклучување од членство во Берзата на членката НЛБ Тутунска Брокер АД Скопје. Оваа одлука ќе се применува од 13.04.2010 година.
 
Со трајното исклучување од членство, членката НЛБ Тутунска Брокер АД Скопје го губи статусот и правата на членка на Берзата, додека правата на другите членки кон НЛБ Тутунска Брокер АД Скопје кои се стекнати пред нејзиното исклучување, како и правата на Берзата по однос на нерегулираните финансиски обврски на НЛБ Тутунска Брокер АД Скопје, остануваат во сила.