Во функција на зајакнување на општествената свест за постигнување на поголема родова рамноправност, Македонска берза и оваа година објавува ажурирана анализа за структурата на органите на управување кај котираните акционерски друштва:
Број на котирани компании и број на членови во органи на управување на котираните компании
Структурно учество на мажи и жени во органи на управување на котираните акционерски друштва
Од вкупно 549 членови во органите на управување на котираните акционерски друштва, само 26,6% се жени.
Структура на учество на мажи и жени како извршни директори или претседатели на управни одбори на котираните акционерски друштва
Од сите извршни директори или претседатели на управни одбори на котираните компании, само 16,7% се жени.
Структурно учество на мажи и жени во органи на управување на котираните акционерски друштва елементи на МБИ10/извршни директори или претседатели на управни одбори на котираните акционерски друштва елементи на МБИ10
Во МБИ10 компаниите, 27,8% од членовите на органите на управување се жени, а само една компанија е управувана од жена извршен директор или претседател на управен одбор.
Учество на мажи и жени во органи на управување според дејност
Овој графикон го покажува соодносот на мажи и жени во органите на управување на котираните компании, поделени по дејност. Разликата е најизразена во дејностите осигурување, фармација и трговија со нафтени деривати.
Топ 5 дејности со најголем број на жени извршни директори или претседатели на управните одбори на котираните компании
Најголем број на жени извршни директори или претседатели на управните одбори кај котираните компании има во дејностите трговија, угостителство, земјоделство, банкарство и услуги.
Релативно учество на компании кои оствариле добивка во вкупниот број компании управувани од жени/мажи
Котираните компании управувани од жени директори или претседатели на управен одбор, во 2024 година, почесто оствариле добивка, во споредба со котираните компании управувани од мажи.
% АД со жени директори или претседатели на УО кои оствариле добивка или загуба (2020 - 2024)
Трендот дека котираните компании управувани од жени директори или претседатели на управени одбори почесто остваруваат добивка е најизразен во 2024 година.
Релативно учество на мажи и жени во органите на управување на котираните компании кои оствариле добивка или загуба во 2024 година
Котираните компании кои оствариле добивка во 2024 година имале повеќе жени во органите за управување, споредено со компаниите кои забележале загуба.