Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 11.09.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 70 сопствени обични акции по цена од 5.150 денари за една акција, преку 2 трансакции;
На 11.09.2008 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 15 сопствени обични акции по цена од 25.501 денар за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 11.09.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- АДГ Маврово Скопје – 38 oбични акции.