Процедури за Јавна берзанска аукција на побарувања
четврток, 12 јуни 2003
Одборот на директори на Македонската берза АД Скопје на својата седница одржана на 11.06.2003 година донесе Процедури за Јавна берзанска аукција на побарувања, согласно член 1 од Законот за дополнување на Законот за санација на дел од банките во Р.Македонија(Сл.Вессник на Р.Македонија 31/03) и Законот за управување со средства (Сл.Вессник на Р.Македонија 70/01.
Предмет на аукцијата можат да бидат побарувања пренесени на Агенцијата на Р.Македонија за управување со средства, врз основа на Законот за санација на дел од банките во Р.Македонија и Законот за управување со средства.
Аукцијата ќе се одржува секој работен Петок од 09:30 до 13:30 часот, почнувајќи од 20.06.2003 година.
Постапката на продажба на побарувања е иста како и за продажба на акции и удели.
Со тоа ќе се обезбеди можност во друштвата, инвеститорите истовремено да стекнат сопственост врз акции/удели и побарувања.