Во рамките на „Конференцијата на македонскиот пазар на хартии од вредност„ што се одржа на 07 мај 2015 година во Скопје, Македонската берза по осми пат ја додели наградата „Кристално ѕвоно„ за најтранспарентно котирано акционерско друштво. И оваа година беа доделени награди на три друштва кои од вкупно котираните 115 акционерски друштва на Македонската берза АД Скопје беа оценети како најтранспарентни во 2014 година.
Согласно оценките на Изборната комисија за најтранспарентни котирани друштва на Македонската берза за 2014 година се избраа:
I место АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
II место КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
III место НЛБ ТУТУНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ
Од доделувањето на наградата „Кристално ѕвоно„ на Алкалоид АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Тутунска банкаАД Скопје
Извештајот за изборот на најтранспарентни котирани акционерски друштва на Македонска берза АД Скопје во 2014 година во кој се содржани методологијата на изборот, како и добиените оценки од сите целни групи по категории, можете да го преземете на следниов линк.