Ревидиран извештај за 2003 година на Макпетрол АД Скопје
среда, 12 мај 2004
Макпетрол АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 411.703.000 денари. Вкупната актива на Макпетрол АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 7.647.092.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 3.691.572.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Макпетрол АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.