Трајно исклучување на ВИП АД Скопје од членство во Берзата
петок, 12 март 2010
Ве известуваме дека врз основа на член 19 од Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје и согласно Решението бр.08-40/37 на Комисијата за хартии од вредност донесено на ден 05.03.2010 година со кое се одзема дозволата за работа на брокерската куќа ВИП АД Скопје,  Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за трајно исклучување од членство во Берзата на членката ВИП АД Скопје. Оваа одлука ќе се применува од 15.03.2010 година.
 
Со трајното исклучување од членство, членката ВИП АД Скопје го губи статусот и правата на членка на Берзата, додека правата на другите членки кон ВИП АД Скопје кои се стекнати пред нејзиното исклучување, како и правата на Берзата по однос на нерегулираните финансиски обврски на ВИП АД Скопје, остануваат во сила.