Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
среда, 11 јуни 2008
Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:

На 10.06.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
-100 сопствени обични акции по цена од 6.950 денари за една акција, преку 1 трансакција;

На 10.06.2008 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на:
-5 сопствени обични акции по цена од 36.000 денари за една акција, преку 1 трансакција;

Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 10.06.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 110 обична акција;
-Топлификација АД Скопје – 8 обична акција.