На веб порталот МБ Монитор објавена е публикацијата на Берзата „Факти за котираните компании“. Публикацијата содржи податоци за најликвидните 20 котирани компании на Официјалниот пазар (Супер котација, Берзанска котација и Задолжителна котација), селектирани според прометот од редовно тргување во 2020 година, како и збирен преглед за останатите котирани компании со кои се тргувало во 2020 година.
До публикацијата можете да пристапите преку комуникациската платформа на Македонската Берза, МБ Монитор, или директно преку следниот линк.