Известување од Технометал-Вардар АД Скопје
вторник, 11 мај 2004
Технометал-Вардар АД Скопје известува дека Собранието на акционери на Друштвото ќе се одржи на 21.05.2004 година (четврток) со почеток во 13:00 часот во хотелот Панорама во Скопје, со следниот Дневен ред:
Процедурален дел:
1. Избор на записничар.
2. Избор на оверувачи на записникот.
3. Избор на верификациона комисија.
Работен дел:
1. Извештај на Надзорниот одбор на АД за извршената ревизија на Годишната сметка за 2003 година.
2. Усвојување на Годишната сметка за 2003 година и одлучување за распределбата на чистата добивка.
3. Разгледување на Извештајот на Управниот одбор за работата на Друштвото во 2003 година и донесување одлука по истиот.
4. Разгледување и одобрување на работата на Управниот одбор и Надзорниот одбор.
5. Избор на член на Надзорниот одбор.
6. Донесување одлука за овластување ревизор за Годишната сметка на Друштвото за 2004 година.
Учество во Собранието на Друштвото и право на глас акционерот остварува со поднесување на пријава најдоцна 3 дена пред одржување на Собранието.
Пријавувањето се врши писмено, со доставување во архивата на Друштвото или препорачано по пошта. Пријавата доставена по пошта мора да биде уредно потпишана и да пристигне во Друштвото најдоцна 3 дена пред одржувањето на Собранието.
Пресекот на акционерската книга на Технометал-Вардар АД Скопје ќе биде заклучно со 14.05.2004 година.
Материјалите за седницата на Собранието можат да се разгледуваат во управната зграда на Друштвото, секој ден од 12 до 16 часот.