На 26.08.2009 година Комисијата за хартии од вредност донесе Решение бр. 08-1640/3 со кое се дава Согласност на Одлуката на Одборот на директори на Македонската берза за измени и дополнувања на Правилата за котација бр. 02-1361/1 од 08.05.2009 година, со кое меѓу другото, се задолжи Македонската берза да изврши промена на називот на пазарниот сегмент “Пазар на јавно поседувани друштва” во “Пазар на акционерски друштва со посебни обврски за известување”.
Оттаму, Ве известуваме дека почнувајќи од 10.09.2009 називот на пазарниот сегмент “Пазар на јавно поседувани друштва” се менува во “Пазар на акционерски друштва со посебни обврски за известување”.