Известување од Макпетрол АД Скопје
вторник, 10 мај 2005
Макпетрол АД Скопје известува дека Управниот одбор, на својата 87. седница одржана на 28.04.2005 година, донесе одлука за свикување на VII годишно Собрание на акционери на ,,Макпетрол“ А.Д. и тоа за 30.05.2005 година во 12 часот во Струга во Хотел ,,Макпетрол“ со следен дневен ред:
I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
- Избор на Претседавач на Собранието
- Верификација на список на присутни акционери односно нивни полномошници;
- Утврдување на бројот на гласови за работа и одлучување на Собранието (кворум);
- Определување на бројач-и на гласови
II. РАБОТЕН ДЕЛ
1. Расправа за Годишната сметка, Финансиските извештаи и Годишниот извештај за 2004 година:
1.1. Разгледување на Годишната сметка и Финансискиот извештај на Друштвото за 2004 год.
- Предлог: Одлука за усвојување на Годишната сметка и Финансискиот извештај на Друштвото за 2004 год.
1.2 Разгледување на Консолидираната Годишна сметка и Консолидираниот Финансиски извештај на Друштвото за 2004 год.
- Предлог: Одлука за усвојување на Консолидираната Годишна сметка и Консолидираниот Финансиски извештај на Друштвото за 2004 год.
1.3. Разгледување на Годишниот извештај на Управниот одбор за работењето на Друштвото за 2004 год.
- Предлог: Одлука за усвојување на Годишниот извештај на Управниот одбор за работењето на Друштвото за 2004 год.
1.4. Разгледување на Извештајот од Надзорниот одбор за резултатите од контролата над управувањето со Друштвото во 2004 год.
-Предлог: Одлука за усвојување на Извештајот од Надзорниот одбор за резултатите од контролата над управувањето со Друштвото во 2004 год.;
- Предлог: Одлука за одобрување на работењето на органите на управување на Друштвото.
2. Распоредување по годишна сметка;
- Предлог: Одлука за распоредување по годишна сметка;
- Предлог: Одлука за купување сопствени акции;
- Предлог: За враќање на износот од фондот за посебни резерви за купување на сопствени акции во акумулирана добивка.
3. Одлука за измени и дополнување на Статутот на Друштвото
- Предлог: Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на Друштвото.
4. Избор на членови на Надзорен одбор на Друштвото и определување на паушален надомест
5. Определување ревизори на Финансиските извештаи за 2005 година;
- Предлог: Одлука за определување ревизори на Финансиските извештаи за 2005 година.
Во Одлуката за усвојување на Годишната сметка и Финансискиот извештај предложени се следните износи:
1. Вкупен приход 14.924.451.080,00 Ден.
2. Вкупен расход 14.777.759.287,00 Ден.
3. Бруто добивка 146.691.793,00 Ден.
4. Данок на добивка 15.140.079,00 Ден.
5. Нето добивка 131.551.714,00 Ден.
Во одлуката за распоредување по годишната сметка предложено е нето добивката за 2004 година да се распореди за:
1. Задолжителна општа резерва 19.732.757,00 Ден.
2. Дивиденда 2% на приоритетни акции на ПИОМ 3.706.216,00Ден.
3. Посебни резерви за купување сопствени акции 40.000.000,00Ден.
4. Акумулирана добивка 68.112.741,00Ден.
Во предлогот не е предвиден износ за дивидинда за акционерите иматели на обичните акции.