Ревидиран извештај за 2003 година на Транскоп Патнички сообраќај АД Битола
понеделник, 10 мај 2004
Транскоп Патнички сообраќај АД Битола до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 490.000 денари. Вкупната актива на Транскоп Патнички сообраќај АД Битола на 31.12.2003 година изнесува 278.684.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 74.546.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Транскоп Патнички сообраќај АД Битола може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.