Известување од Градежен институт Македонија АД Скопје
понеделник, 10 мај 2004
Градежен институт Македонија АД Скопје известува дека Собранието на акционери на Друштвото ќе се одржи на 15.05.2004 година.
На својата редовна седница одржана на 24.04.2004 година, Управниот одбор на Градежен институт Македонија АД Скопје донел Предлог-Одлука за распоредување на добивката по годишната сметка за 2003 година, согласно која предложената дивиденда по акција изнесува 235,83 денари, односно 7,5% во однос на номиналната вредност.
На Собранието ќе биде предложен следниот Дивиденден календар:
• Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2003 година е 26.05.2004 година;
• Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2003 година е 27.05.2004 година;
• Датум на пресек на акционерската книга е 31.05.2004 година;
Исплатата на дивидендата за 2003 година ќе се врши во законски рок.