Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 09.12.2008 година донесе одлука за префрлување на акциите издадени од Бетон АД Скопје од подсегментот Супер котација на подсегментот Берзанска котација на Официјалниот пазар на Македонската берза, согласно точка 4.04 став 2 од Правилата за котација.
Одборот на директори на Македонската берза ја донесе одлуката имајќи го предвид степенот во кој Бетон АД Скопје ги исполнуваше обврските за известување кои што се карактеристични за друштвата котирани на подсегментот Супер котација, согласно точка 6.08. од Правилата за котација и тоа: објавување на предлог-одлуки за собрание на акционери, објавување на Годишен извештај за работењето на друштвото, усвојување и објавување на Извештај за усогласеност со Кодексот за корпоративно управување на Македонската берза, како и известување на македонски и на англиски јазик.
Акциите издадени од Бетон АД Скопје ќе бидат префрлени на подсегментот Берзанска котација на Официјалниот пазар на Македонската берза почнувајќи од 11.12.2008 година (четврток).