Охридска Банка АД Охрид
вторник, 01 април 2003
Согласно Договорот за котација, Охридска Банка АД Охрид, известува за следното:
1. Охридска Банка АД Охрид ги информира акционерите дека Собранието на акционери на Банката на својата седница одржана на 28.03.2003 година, ја потврди Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка.
2. Согласно Одлуката, дивидендата на акциите за 2002 година изнесува 360,00 денари по акција, односно 14% во однос на номиналната вредност.
3. Банката ќе ја исплаќа дивидендата за 2002 година, почнувајќи од 16.04.2003 година.
4. Исплатата на дивидендата ќе се врши со дозначување на средствата на сметката на правното лице, односно на штедна книшка или тековна сметка на физичкото лице.
5. Банката го соопштува следниот дивиденден календар:
- Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2002 година е 10.04.2003 година.
- Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2002 година е 14.04.2003 година,
- Датум на стекнување на правото на дивиденда за 2002 година е 15.04.2003 година.