20 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА БЕРЗА

 

 17-та Годишна конференција на Македонската берза 


 

На 29-ти март 2016 година во Скопје се одржа 17-тата по ред годишна конференција на Македонската Берза. И оваа година конференцијата беше место на кое бројни претставници на финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност во Република Македонија, котираните компании, државните и регулаторни институции, како и експерти од областа на хартии од вредност дискутираа за проектот на регионално поврзување на берзите во ЈИЕ и Каков пазар на капитал и треба на Република Македонија?
 
Конференцијата беше отворена со воведните обраќања на Главниот извршен директор на Македонската берза, г-дин Иван Штериев и претседателката на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија г-ѓа Елизабета Чингаровска.
 

 Говорот на Директорот Штериев можете да го преземете на следниов линк.

Говорот на Претседателката Чингаровска можете да го преземете на следниов линк.

 

 

 

 

Централен настан на конференцијата беше пуштање во употреба на регионалната платформа СЕЕ Линк, преку која се поврзани Бугарската, Загребската и Македонската берза и која е поддржана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). СЕЕ Линк платформата ќе помогне да се интегрираат домашните пазари на капитал со вкупна пазарна капитализација од 30 милијарди долари и ќе овозможи размена на налози за тргување за околу 400 акции котирани на трите берзи. Системот има за цел да се зголеми ликвидноста и да се подобри пристапот на инвеститорите и локалните брокери.

 

 

  Презентацијата на г-дин Илијан Димитров за СЕЕ Линк платформата.

Во рамките на 17-та годишна конференција на Македонска берза, специјалните излагања имаа: М-р.Димитар Богов, Д-р. Таки Фити и М-р.Тони Стојановски на тема: Каков пазар на капитал и треба на Република Македонија?

Излагање М-р Димтар Богов

Излагање Д-р. Таки Фити

Излагање М-р.Тони Стојановски

 

 

 

 

Македонската берза по девети пат ја додели наградата „Кристално ѕвоно„ за најтранспарентно котирано акционерско друштво. И оваа година беа доделени награди на три друштва кои од вкупно котираните 113 акционерски друштва на Македонската берза АД Скопје беа оценети како најтранспарентни во 2015 година.

Согласно оценките на Изборната комисија за најтранспарентни котирани друштва на Македонската берза за 2015 година се избраа:
I место КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
II место АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
III место НЛБ Тутунска банка АД СКОПЈЕ 

 Извештајот за изборот на најтранспарентни котирани акционерски друштва на Македонска берза АД Скопје во 2015 година во кој се содржани методологијата на изборот, како и добиените оценки од сите целни групи по категории, можете да го преземете на следниов линк.

 

За резултатите што овластените учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност ги имаа постигнато во 2015 година, а имајќи го предвид  вкупниот промет и вкупниот број на транскации реализирани на Берзата во текот на изминатата година беа доделени и плакети за следните овластени учесници и тоа:
 

 I место Илирика Инвестментс АД Скопје,
II место Комерцијална банка АД Скопје,
III место Еурохаус АД Скопје

III место НЛБ Тутунска банка АД Скопје

Начинот на рангирање на овие учесници околу овој избор можете да го превземете на следниов линк.

 

 Повеќе фотографии од настанот може да погледнете на следниов линк