На 28 март 1996 година започна со работа Македонската берза АД Скопје. Со ударот на берзанското ѕвоно од страна на првиот претседател на нашата држава, г-динот Киро Глигоров, се означи почетокот на првиот ден на тргување на првата берза на овие простори. Од овој датум во Македонија добивме организиран пазар каде најпрвин физички, а потоа и електронски, во точно определено време и според точно определени правила се тргува со различни финансиски инструменти, пред се со акции и обврзници.
Оваа година се одбележува 25 години од почетоците на Македонска берза, период во кој изградивме ефикасен, сигурен и транспарентен пазар на хартии од вредност којшто прерасна во значаен чинител и интегрален дел на нашиот финансиски систем.
Воедно, Македонска берза, и покрај нејзината објективно мала големина, се стекна со висок рејтинг во поширокиот регион и иницираше и учествуваше во многу проекти со цел поголема регионална интеграција на пазарите на капитал.
Одбележувајќи го нашиот 25-годишен јубилеј, сметаме дека слободно можеме да кажеме дека изминативе години сме ја споиле напорната работа и успехот како крајна цел. Затоа што успехот не се раѓа сам – тој се создава.
Одиме понатаму!
АКТИВНОСТИ ПО ПОВОД 25 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА БЕРЗА
Интервју за магазинот Менаџер/Капитал - 26.02.2021 година
По повод 25 години од првиот ден на тргување на Македонска берза, Главниот извршен директор на Берзата даде интервју за новото издание на магазинот Менаџер/Капитал.
Прочитајте го целото интервју на следниот линк.
Колумна за Дојче Веле - 25.03.2021 година
За првите денови на Берзата во колумна за Дојче Веле пишува Главниот извршен директор на Берзата Иван Штериев, кој е дел од тимот од нејзините почетоци.
Прочитајте ја колумната на македонски јазик на следниот линк.
Колумната на англиски јазик на следниот линк.
25 години Македонска берза - промо видео
25 години Македонска берза - Брокерски поглед
25 години Македонска берза - Институционален поглед
25 години Македонска берза - Копоративен поглед