Шеста годишна конференција

ШЕСТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА

На 16.09.2005 година во Бизнис Салата на Скопски Саем АД Скопје се одржа шестата годишна конференција на Македонската берза АД Скопје, на тема “Котација и вложување на Берза-дали се надминати бариерите?” Конференцијата ја отвори г-дин Минчо Јорданов, Потпретседател на Владата на Република Македонија и Д-р Весна Пендовска, Претседател на Комисијата за хартии од вредност.






Воведни излагања имаа г-динот Али Максут, Заменик Министер за финансии на Република Македонија и г-дин Иван Штериев, Главен Извршен директор на Македонската берза АД Скопје. Се одржа панел-дискусија на тема “Котација на Берза – искуства и перспективи”, во која учество земаа Д-р Таки Фити, Професор на Економскиот факултет во Скопје (поранешен Министер за финансии), Никола Груевски, Финансиски експерт (поранешен Министер за финансии), Трајче Мукаетов, Генерален директор на Алкалоид АД Скопје, Димитар Хаџи Мишев, Генерален директор на Топлификација АД Скопје, М-р Зоран Јовановски, Финансиски експерт (Советник-координатор на Гувернерот на НБРМ) и Кирил Митровски, Извршен директор на Инвестброкер АД Скопје. Модератор на овој панел беше Д-р Владимир Кандикјан, Професор на Правниот факултет во Скопје. Како завршница на оваа конференција беа следните презентации: ”Кодекс на Корпоративно управување на Македонската берза” од г-дин Самир Латиф, член на Работната група за изготвување на Кодексот; СЕИ Нет (Систем за електронско известување за котираните друштва) од г-ѓа Елена Јакимовска Петровска, Извршен директор на Македонска берза АД Скопје и Студентска берза од Ана Бунтеска Филевски, Стручен соработник во Дирекцијата за деловни операции во Македонска берза АД Скопје. Воведниот говор на г-дин Иван Штериев, Главен Извршен директор на Македонската берза АД Скопје, можете да го видите ТУКА.