Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2015
На 07мај 2015 година во Скопје во организација на Македонската берза АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје се одржа третата „Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност“.
Централен настан на конференцијата беше дебатниот форум „25 години пазарна економија во Република Македонија и состојбите на пазарот на хартии од вредност“ на кој повеќе експерти од финансискиот и бизнис секоторот, како и претставници од академскиот свет дадоа свое видување за моменталните состојби во македонската економија и пазарот на хартии од вредност и дебатираа за перспективите во наредниот период.

Обраќањето на директорот Иван Штериев можете да го преземете на следниов линк
Прилог од ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС - 25 години пазарна економија во Република Македонија и развојот на пазарот на хартии од вредност
Учесниците во форумот „25 години пазарна економија во РМ и состојбите на пазарот на хартии од вредност„
Учесници на конференцијата
На форумот беа презентирани и изјави на експерти од областа на пазарот на хартии од вредност од Словенија, Хрватска и Бугарија.

Официјалниот дел на конференцијата беше заокружен со доделување на наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентните котирани акционерски друштва за 2014 година и награда за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност.
Македонската берза ја додели наградата „Кристално ѕвоно“ на трите најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2014 година и тоа:
Алкалоид АД Скопје – I место
Комерцијална банка АД Скопје – II место
НЛБ Тутунска банка АД Скопје – III место
Од доделувањето на наградите „Кристално ѕвоно„ на Алкалоид АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Тутунска банка АД Скопје
За остварувањата коишто овластените учесници на македоснкиот пазар на хартии од вредност ги имаа постигнато во вкупниот промет и вкупниот број на транскации реализирани на Берзата во текот на 2014 година беа наградени:
Овластени учесници:
Комерцијална банка АД Скопје, за освоено прво место
Илирика Инвестментс АД Скопје, за освоено второ место,
Еурохаус АД Скопје за освоено трето место
Од доделувањето на наградите за најдобрите остварувања на овластените учесници во 2014 година

Aлкалоид, Комерцијална банка и НЛБ Тутунска банка добитници на наградата „Кристално ѕвоно„ за 2014 година
Во рамките на „Конференцијата на македонскиот пазар на хартии од вредност„ што се одржа на 07 мај 2015 година во Скопје, Македонската берза по осми пат ја додели наградата „Кристално ѕвоно„ за најтранспарентно котирано акционерско друштво. И оваа година беа доделени награди на три друштва кои од вкупно котираните 115 акционерски друштва на Македонската берза АД Скопје беа оценети како најтранспарентни во 2014 година.
Согласно оценките на Изборната комисија за најтранспарентни котирани друштва на Македонската берза за 2014 година се избраа:
I место АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
II место КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
III место НЛБ ТУТУНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ
Од доделувањето на наградата „Кристално ѕвоно„ на Алкалоид АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Тутунска банкаАД Скопје
Извештајот за изборот на најтранспарентни котирани акционерски друштва на Македонска берза АД Скопје во 2014 година во кој се содржани методологијата на изборот, како и добиените оценки од сите целни групи по категории, можете да го преземете на следниов линк.