Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2013
На 09 мај во Скопје пред голем број на финансиски експерти од земјава и регионот, во организација на Македонската берза АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје се одржа заедничката „Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2013“.
Воведни обраќања на конференцијата имаа Владимир Пешевски, вицепремиер задолжен за економски прашања во Владата на Република Македонија, Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје и М-р Елизабета Чингаровска, претседател на Комисијата за хартии од вредост на РМ, кои се осврнаа на моменталните состојби на финансискиот пазар во Македонија, неговите перспективи и можности за развој.
Говорот на претседателката Чингаровска можете да го преземете на следниов линк
Говорот на директорот Штериев можете да го преземете на следниов линк.
Во рамките на конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2013 специјален говор одржа Гувернерот на Народна банка на Р.М. г-дин Димитар Богов.
Заедничката конференција посветена на пазарот на хартии од вредност на едно место ги обедини претставниците на финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност во Република Македонија, котираните компании и други акционерски друштва, државните институции и универзитети, како и сите останати чија дејност е поврзана со работењето или инвестирањето во хартии од вредност. На настанот се дискутираше за различни темиповрзани со актуелните состојби на пазарот на хартии од вредност од домашен и од меѓународен аспект, неговите идни развојни правци, значењето на финансиската едукација, како и корелацијата на степенот на развој на македонскиот финансиски систем со долгорочниот економски развој на Македонија.
На првата панел дискусија се говореше за тоа што се случува на македонскиот пазар на хартии од вредност. Дискусијата ја водеше Д-р Владимир Филиповски, а учество земаа и реномирани домашни екперти: Живко Мукаетов, Главен извршен директорна Алкалоид АД Скопје, Д-р Кочо Анѓушев,Феро Инвест Велес, Д-р Томе Неновски, професор на Универзитетот Американ колеџ во Скопје, Кирил Митровски, Извршен директор на Инвест брокер АД Скопје и Мира Шекутковска, член на Управен одбор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.
Учесници на панел I дискусија
Во рамките на панел дискусиите, учество земаа и реномирани странски финансиски екперти кои ги изнесоа своите размислувања во врска со развојните правци во овој сегмент на економијата и ги пренесоа искуствата од нивните земји со финансиските инструменти на пазарите на хартии од вредност. Говореа Мустафа Балтачи-генерален секретар на ФЕАС и извршен потпретседател на Истанбулската берза за „Иднината на пазарите на хартии од вредност – членки на Федерацијата на евроазиски берзи и улогата на Федерацијата“;Ивана Гажиќ, претседател на управата на Загребачката берза одржа презентација за „Берзата во Хрватска – посткризни искуства, сегашни состојби и идни развојни правци“; Невен Каиќ, директор на оддел за продажба во ЈИЕ во Ерсте Груп Банк се осврна на „Издавање и тргување со различни сертификати на берзата“; Тило Куш, главен извршен директор на Македонски Телеком и претседател на Одборот на директори на Т-Мобиле даде свое видување на „Влијанието на берзата врз деловната и инвестициската клима“ и Ото Е. Нагели, претседател на OEN Consulting одржа презентација за „Тргување со деривативи на организиран пазар“.
Учесници на панел II дискусија
Во рамките на третата панел дискусија свое видување за значењето и улогата на финансиската едукација особено во услови на финансиска криза дадоа Зоран Ќировиќ, претседател на српската Комисија за хартии од вредност, Дамјан Блатник од Агенција за пазар на хартии од вредност на Република Словенија, како и домашните експерти Јанко Тренкоски, генерален директор на КБ Прво пензиско друштво и Борислав Атанасовски, претседател на Институтот на овластени ревизори на РМ.
Учесници на панел III дискусија
Официјалниот дел од овогодинешната конференција беше заокружен со доделувањето на наградата за најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2012 година „Кристално ѕвоно“, како и награди за овластени учесници и овластени брокери на македонскиот пазар на хартии од вредност.
Македонската берза по шести пат ја додели наградата „Кристално ѕвоно“, а за најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2012 година беше избрано друштвото Алкалоид АД Скопје.
Доделување на награда "Кристално ѕвоно"
За остварувањата коишто овластените учесници и овластените брокери на македоснкиот пазар на хартии од вредност ги имаа постигнато во вкупниот промет и вкупниот број на транскации реализирани на берзата во текот на 2012 година беа наградени:
Овластени учесници:
Комерцијална банка АД Скопје, за освоено прво место
Илирика Инвестментс АД Скопје, за освоено второ место
Еурохаус АД Скопје за освоено трето место
Овластени брокери:
Овластени брокери:
Васко Митев, за освоено прво место
Леонид Дечев, за освоено второ место
Жарко Атанасовски, за освоено трето место.
Во насока на продолжување на воспоставената пракса на Берзата за доделување на годишна награда „Кристално ѕвоно” на најтранспарентното котирано акционерско друштво во Република Македонија,за време на одржувањето на Kонференција на македонскиот пазар на хартии од вредност по шести пат беше доделена оваа награда. Согласно методологијата за доделување на наградата „Кристално ѕвоно” и бодирањето на членовите на петте целни групи за најтранспарентно котирано друштво на Македонската берза за 2012 година се избра АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ.
Извештајот за изборот на најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза АД Скопје во 2012 година во кој се содржани методологијата на изборот, како и добиените оценки од сите целни групи по категории и просечните оценки на секоја целна група поодделно, можете да го преземете на следниов линк.