12-та Годишна конференција на Македонската берза
Пред бројни претставници на банки, брокерски куќи, институционални инвеститори и други претставници на пазарот на хартии од вредност се одржа 12-та Годишна конференција на Македонската берза.
Дводневната конференција што се одржа од 09-10 мај во Охрид беше исклучителна можност за се запознаат најновите трендови и мислења поврзани не само со македонскиот, туку и со пазарите на хартии од вредност пошироко.
Низ организирани дебати и панел дискусии се направи обид да се презентира сегашноста и иднината на македонскиот пазар на хартии од вредност, како и да се одговори на прашањето дали институционалните инвеститори во Република Македонија можат да направат нешто повеќе. Воедно, се презентираа и последните измени во Законот за трговски друштва во делот на свикување и одржување на Собрание на акционери. Присутните имаа можност да ги проследат специјалниот говор на Вицегувернерот на НБРМ, М-р Димитар Богов, како и говорите на г-нот Ханес Такач, Главен партнер на CAPMEX (The Capital Market Experts), Виена, Австрија и г-нот Петр Коблиц, Главен извршен директор на берзата во Прага, Република Чешка.
Македонската берза по четврти пат ги додели признанијата за најтранспарентно котирано друштво на Македонска берза - ’Кристално ѕвоно’ и за најдобар научно-истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност.
Наградата „Кристално ѕвоно„ ја доби Комерцијална банка АД Скопје која по трет пат беше прогласена за најтранспарентно котирано друштво на Македонската берза.
Добитник на наградата за најдобар истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност беше г-нот Ристо Хаџи-Мишев.
Во рамките на одбележувањето на јубилејот 15 години тргување со хартии од вредност на Берзата беа доделени плакети на истакнати правни и физички лица кои оствариле континуирано учество во тргувањето со хартии од вредност по различни основи.
ПРИЛОГОТ од 12-та Годишна конференција можете да го најдете на следниот линк.
Говорот на Главниот извршен директор на Берзата г-дин Иван Штериев можете да го преземете на следниот линк.
Видео запис од говорот на г-дин Иван Штериев.
Говорот на Гувернерот на НБРМ М-р Димитар Богов, можете да го преземете на следниот линк.
Видео запис од говорот на Гувернерот на НБРМ М-р Димитар Богов
Видео записи од панел дискусиите и говорите:
Панел 1 - Македонскиот пазар на хартии од вредност - сегашност и иднина
Панел 2 - Институционални инвеститори во РМ - може ли повеќе?
Панел 3 - Свикување и одржување на собрание на акционери согласно последните измени на ЗТД
Говорот на г-нот Ханес Такач - Моментални трендови во берзанските интеграции - глобален и регионален аспект
Говорот на г-нот Петр Коблиц - Пазарите на хв во Централна и Југоисточна Европа - идни потенцијали, подобрување на ликвидност и/или дуална котација
Изборната комисија во состав Мира Шекутковска, Кирил Нејков, Мирче Јовановски, Даниела Михајловска, Марија Ѓеорѓиевска, Ѕвонко Станковски, Наташа Хаџи Спиркова Стефановска, Иван Штериев и Илчо Лазарески, изготви критериуми за избор со кои се покриваат сите важни сегменти на транспрентноста во работењето на друштвата. Како критериуми за бодување едногласно беа усвоени следниве:
1. Квалитетот на комуникацијата со Берзата и квалитет и квантитет на објавените објави преку СЕИ-Нет;
2. Гoдишниот извештај на друштвото за 2009 година (кој е објавен во текот на 2010 година);
3. Квалитет и објавени информации на интернет страницата на друштвото;
4. Односи со финансиските посредници, институционалните инвеститори и другите инвеститори и
5. Односи со медиумите и пошироката јавност.
Доделена наградата за најдобар истражувачки труд
На 12-та годишна конференција на Македонската берза беше доделена наградата за најдобар истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.
Изборната комисија во состав проф. Д-р. Михаил Петковски, претседател на Комисијата, проф. Д-р. Јане Миљовски, доц. Д-р. Сашо Арсов, Иван Штериев и Илчо Лазарески воспостави интерни критериуми за оценка на квалитетот на поднесните трудови, критериуми кои претставуваат и стандард во меѓународната академска практика:
• Релевантноста, односно актуелноста на темата – предмет на истражувачкиот труд;
• Методолошкиот пристап користен при изработката на истражувачкиот труд;
• Иновативноста на истражувачкиот труд и
• Применливоста на резултатите од истражувачкиот труд во практиката во Република Македонија, односно неговиот апликативен дел.
Врз основа на овие критериуми Комисијата едногласно оцени дека трудот кој заслужува да ја добие наградата за најдобар труд од областа на пазарот на хартии од вредност за 2010 година е трудот на авторот Ристо Хаџи Мишев под наслов ''Граница на ефикасни портфолија на Македонската берза на хартии од вредност''.
Во текот на двата конференциски дена во кои се одвиваше 12-та Годишна конференција на Македонската берза, низ организирани дебати и панел дискусии беа опфатени актуелни теми кои се однесуваат на перспективите на пазарите на капитал.
Прилог со краток осврт на трите панел дискусии можете да најдете на следниот линк.
Воедно, за првпат овогодинешната конференција може да се проследи преку објавените видео записи (линковите од видео записите се содржани на крајот од прилогот, како и на следната страница http://www.mse.com.mk/mk/news/11/5/2011/12th-mse-annual-conference).