Акција на годината по избор на јавноста 2024

Со цел јавно признание на најпрепознатливите и најактивни учесници и други субјекти кои се директно или индиректно поврзани со пазарот на хартии од вредност, Македонска берза и оваа година доделува годишни награди во различни категории. Наградите ќе се доделат на 16.12.2024 година.

Наградата „Акцијата на годината по избор на јавноста“ се доделува на котирано акционерско друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда.

Гласањето се врши паралелно на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“ и акцијата на издавачот која ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно ќе биде прогласена за „Акцијата на годината за 2024 година„

Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Мислењето на јавноста е пресудно за објективно мерење на перформансите и однесувањето на котираните друштва на Берзата - извонредноста заслужува јавно признание – изберете ја „Акцијата на годината за 2024 година„ и гласајте подолу.

Анкетата е отворена од 20.11 до 10.12.2024 година.




Внесете Код