Известување од Макпетрол АД Скопје
понеделник, 09 август 2004
Макпетрол АД Скопје ја информираше Македонската Берза дека од Врховниот Суд на Република Македонија е потврдена пресудата од Основниот суд Скопје 1 со која Министерството за финансии-Царинска Управа Скопје за ненавремено царинење на уредно пријавена увезена стока во 2001 година се задолжува да му надомести штета и изгубена добивка на Макпетрол АД во износ од 186.495.686 денари, кој заедно со камата до 31.07.2004 година изнесува околу 266.000.000 денари која треба да се наплати во наредниот период.