Измена на времетраењето на тргувањето со хартии од вредност на Берзата
понеделник, 09 јули 2018

Одборот на директори на Берзата донесе Одлука со која се врши измена на времетраењето на  тргувањето со хартии од вредност на Берзата, согласно која, почнувајќи од 03.09.2018 година, времетраењето на тргувањето со хартии од вредност наместо до 13:00 часот ќе трае до 14:00 часот. Соодветно на оваа измена се направени  измени во неколку други одлуки коишто произлегуваат од Правилата за тргување на Берзата, а коишто се однесуваат на измени на времето на тргување кај режимите на континуирано и аукциско тргување, како и на измени во времето на официјализација на денот на тргување и времето на пријавување на администраторски блок трансакции, кои исто така ќе започнат да се применуваат од 03.09.2018 година.

На следниот линк се одлуките кои со однесуваат на горенаведените измени
http://www.mse.mk/mk/content/21/1/2008/trading-rules