Трајно исклучување од членство во Берзата на членката Статер банка АД Куманово
петок, 09 јули 2010
Врз основа на член 19 од Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје и согласно Решението бр.08-1618/4 на Комисијата за хартии од вредност донесено на ден 30.06.2010 година со кое се одзема дозволата за работа на Статер банка АД Куманово, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Статер банка АД Куманово. Оваа одлука ќе се применува од 09.07.2010 година.
 
Со трајното исклучување од членство, членката Статер банка АД Куманово го губи статусот и правата на членка на Берзата, додека правата на другите членки кон Статер банка АД Куманово кои се стекнати пред нејзиното исклучување, како и правата на Берзата по однос на нерегулираните финансиски обврски на Статер банка АД Куманово, остануваат во сила.