Продажба на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 08.06.2005 година
четврток, 09 јуни 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 08.06.2005 година следните котирани друштва извршија продажба на сопствени акции:
- Инвестбанка АД Скопје изврши продажба на 43 сопствени обични акции, по цена од 2.640 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 08.06.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Алкалоид АД Скопје - 200 обични акции;
- Гранит АД Скопје - 2.090 обични акции.