Ревидиран извештај за 2003 година на Жито Скопје АД Скопје
среда, 09 јуни 2004
Жито Скопје АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило загуба во износ од 116.126.000 денари. Вкупната актива на Жито Скопје АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 351.420.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 226.685.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Жито Скопје АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.