Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 08.05.2007
среда, 09 мај 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 08.05.2007 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 600 сопствени обични акции по цена од 34.000 денари за една акција, преку 2 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 08.05.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Гранит АД Скопје – 17 обични акции,
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 17 обични акции,
- Комерцијална банка АД Скопје – 28 приоритетни акции,
- Макотекс АД Скопје – 124 обични акции,
- АДГ Маврово Скопје – 99 обични акции,
- Отекс АД Охрид – 92 обични акции,
- Скопски Пазар АД Скопје – 337 обични акции,
- Тетекс АД Тетово – 82 обични акции,
- РЖ Економика АД Скопје – 17 обични акции,
- Макпетрол АД Скопје – 25 обични акции,
- Макстил АД Скопје – 385 обични акции,
- Тутунски комбинат АД Прилеп – 166 обични акции.