Ревидиран извештај за 2004 година и известување од Адинг АД Скопје
понеделник, 09 мај 2005
Адинг АД Скопје го достави ревидираниот финансиски извештај за 2004 година. Извештајот може да се најде на интернет страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.
Воедно, Адинг АД Скопје известува дека на седницата на Собранието на акционери од 28.04.2005 година, поради истек на мандатот на стариот состав на Надзорниот одбор, избран е нов Надзорен одбор, во следниот состав: Благоја Мојсовски, Боро Стојановски, Александар Белев и Иван Николовски, како независен член.