Известување од Комерцијална банка АД Скопје
среда, 09 февруари 2005
Комерцијална банка АД Скопје известува дека на барање на акционер-сопственик на приоритетни акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, а во согласност со Одлуката на Собранието на Банката за замена на приоритетни акции во обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје од 24.03.2004 година, на ден 08.02.2005 година во Централниот депозитар за хартии од вредност извршена е конверзија на 165 приоритетни акции во 33 обични акции издадени од Комерцијална Банка АД Скопје.
После оваа промена вкупниот број на издадени акции на Комерцијална банка АД Скопје изнесува:
- 365.691 обични акции и
- 185.612 приоритетни акции.