Котација на Континуираната државна обврзница бр.1
петок, 09 декември 2005
Одборот на директори на Македонската Берза, на седницата одржана на 09.12.2005 година, донесе Одлука за котација на Континуирана државна обврзница бр.1 издадена од Република Македонија.
Континуирана државна обврзница бр.1 е со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Континуирана државна обврзница бр.1, издадена во дематеријализирана форма, која гласи на име, во денари и е неограничено пренослива;
- Издавач: Република Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 100.010.000 денари;
- Датум на издавање: 28.11.2005 година;
- Каматна стапка: 10% годишно. Каматата се пресметува од 28.11.2005 година;
- Рок на достасување на обврзниците: 28.11.2007 година;
- Начин на отплата: Купонот се исплатува еднаш годишно во период од две години. Номиналната вредност на Континуираната државна обврзница бр.1 пристигнува за исплата на 28.11.2007 година;
- Почеток на тргување со обврзниците: 12.12.2005 година, на Официјалниот пазар на Македонската Берза;
- ИСИН: MKMINF20G010;
- Шифра за тргување на Берзата: РМОБВ01.