Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 08.12.2004 година
четврток, 09 декември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 08.12.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 130 сопствени обични акции, по цена од 1.875 денари за една акција, преку 3 трансакции.
- Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 10 сопствени обични акции, по цена од 12.300 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 08.12.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Институт АД Скопје – 1 обична акција;
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 6 обични акции;
- РЖ Техничка контрола АД Скопје – 2 обични акции;
- РЖ Економика АД Скопје – 5 обични акции;
- Макпетрол АД Скопје – 21 обични акции;
- Макстил АД Скопје – 123 обични акции;
- РЖ Услуги АД Скопје – 45 обични акции.