Одлуки за исклучување од котација на Благој Ѓорев АД Велес и Силекс АД Кратово
понеделник, 09 октомври 2006
На седницата одржана на 07.10.2006 година Одборот на директори на Македонската берза донесе одлуки за исклучување од котација на акциите издадени од Благој Ѓорев АД Велес и Силекс АД Кратово.
Акциите на Благој Ѓорев АД Велес се исклучуваат од котација заради престанок на исполнувањето на критериумите за котација (намален број на акционери и намалена распространетост на акциите во јавноста), како и заради недоставување на финансиски извештаи и ценовно чувствителни информации до Берзата и неисполнување на финансиските обврски кон Берзата.
Акциите на Силекс АД Кратово се исклучуваат од котација заради недоставување на финансиски извештаи и неисполнување на финансиските обврски кон Берзата.
Акциите на двете друштва се исклучуваат од котација на Официјалниот пазар на Македонската берза на 10.10.2006 година. Од истиот датум со акциите на Благој Ѓорев АД Велес и Силекс АД Кратово ќе може да се тргува на Неофицијалниот пазар на Македонската берза.