(Скопје, 08 јули 2009 година) По повод завршувањето на IV циклус на проектот “Студентска берза” денеска со почеток во 13 часот, во просториите на Македонска берза се одржа свечено доделување на годишната награда на најуспешниот учесник во проектот соостварена најголема вредност на портфолио во тргувањето со акции.
Свои обраќања имаа извршниот директор на Македонска берза, г-ѓа Елена Јакимовска Петровска и главниот извршен директор на Македонска берза г-дин Иван Штериев.
Г-ѓа Елена Јакимовска Петровска го објасни процесот на функционирање на проектот „Студентска берза“ и ги презентираше резултатите од овогодинешниот циклус.

На присутните им се обрати и г-нот Иван Штериев кој рече дека берзата и во иднина ќе се залага преку развивање на овој и други проекти да се овозможи спој на теоретското знаење и практичната работа.
На крајот, г. Иван Штериев ја додели наградата за најуспешно тргување во рамките на IV циклус на проектот на г-ца Снежана Велеска, студент на Правен факултет при Универзитетот Кирил и Методи Скопје и им се заблагодари на присутните за посветеното внимание.