Привремено исклучување од членство во Берзата на членката Еурохаус АД Скопје
петок, 08 јуни 2012
Членката Еурохаус АД Скопје АД Скопје привремено ќе биде исклучeна од членство во Берзата почнувајќи од 11.06.2012 година поради неисполнување на континуираниот услов за членство пропишан во член 10, став 1, алинеа 4 од Правилата за членство на Берзата, согласно кој членката во Берзата треба да биде членка на овластен депозитар на хартии од вредност.
 
Привременото исклучување од членство во Берзата на членката ЕурохаусАД Скопје е со времетраење до целосно исполнување на континуираните услови за членство во Берзата, односно до моментот кога Еурохаус АД Скопје повторно ќе стане членка на ЦДХВ.